За Нас

Фабриката ОНЕ КАБЛЕ ФЈ e една од водечките фабрики за кабловска индрустрија во нашата земја, основана во 2019 година во Скопје, Република Северна Македонија.

ОНЕ КАБЛЕ ФЈ е фабрика за производство на кабел и ПВЦ Гранулат. Линиите за производство на фабриката произведуваат кабел исклучиво само со чисти бакарни проводници. Фабриката континуирано остварува значителен технолошки напредок, држи чекор со стандандардите во европската индустрија и се здобива со најнапредна производствена опрема и алатки.Максималниот капацитетет на производната опрема за производство на кабел е 4x25 квадрати, додека за едножилен кабел е 1x240 квадрати. Производните линии се опремени со дополнителни сензори кои овозможуваат да се елиминира шкартот а да се зголеми квалитетот на самиот производ. Фабриката поседува високо квалификуван производен и инженерски персонал кој е целосно посветен на висококвалитетната програма и обезбедува највисок квалитет.

Оне кабле ФЈ е добро организирана компанија која се грижи за зголемената побарувачка на кабли на домашниот и меѓународниот пазар. Тимот на компанијата е спремен да одговори на барањата на клиентите на пазар кој брзо се движи без да се загрози квалитетот.